-Уште едно прашање ве молам. Уште колку бустер дози треба да примиме? Рекоа дека ова може да трае до 2026 година. Колку вакцини уште треба да примиме дотогаш?

МАЛОУН: СЗО и Велика Британија, имам еден пријател таму, нивната временска рамка за ова е до 2026 година. Добро е да се знае за да можеме да си планираме. Колку пати да се вакцинираме? На секои две години? На секои два месеци? Кој знае? Еве ги проблемот. Ништо од ова не одговора на науката, вирусологијата, вакцинологјата, имунологијата… Ќе примите вакцина, но се случува неверојатно брзо опаѓање на имунолошкиот одговор по примањето, а никој не знае зошто. Никој не го поставува прашањето зошто? И сега велат да примите трета доза… но, треба да се има в предвид дека „многу, не секогаш е добро“. Знаете, исто е како со вакцините против грип. Ако примите премногу, едноставно може да го угасите вашиот имунолошки одоговор. Премногу, не значи секогаш дека е добро. Тоа мислење во овој случај е пренаивно.

Ова е дел од интревјуто на д-р Роберт Малоун со Дана Лоеш кое во целост го имате на линкото што подолу го објавуваме. Овој дел го издвојуваме поради прашањето и одговорот за третата доза, која денеска ја примил и претседателот на државата Пендаровски, чии први две дози беа од Синофарм, а третата доза примил од Заев, за кого исто така беше кажано дека првите две дози му се од Синфорам.

Во Македонија, трета доза примиле 83 000 граѓани.