За да зборуваме за колективен имунитет и улогата на колективниот имунутет во повлекување на пандемијата во моментов, треба да имаме реален пресек на монеталната состојба на нивото на заштитни антитела во популацијата. За жал, и после помината година ипол освен некои мали серии, ние воопшто не тестираме, односно не направивме проверка на нивото на антитела преку скрининг на населението, вели за „Локално“, проф. д-р Вело Марковски.

Имунологот смета дека без реален показател не може да се даде научно издражано мислење, ниту пак како држава можеме да спроведеме успешна стратегија.

– Факт е дека во моментот кога последниот бран од КОВИД 19 пандемијата се смири, а тоа е негде на почеток на јуни имавме многу малку комплетно вакцинирани, односно на 22 мај 2021 година ( 2 недели пред смирување на пандмеија) ние имавме негде 1,9 % вакцинирани. Јасно е дека пандемијата не сме ја смириле со стратегија, со успешно вакцинирање на голем број од населението. Дали населението природно се имунизирало? Не знаеме, и не сакаме да дознаеме, од некоја причина бегаме од масовни проверки на антитела како од оган. Оттука, да се оди со вакцина на деца за да се постигне колективен имунитет, а при тоа да не провериме дали децата имаат имунитет, и колкав е проценот на колективниот имунитет кај возрасните е крајно несериозно и неодговорно. Подалеку од децата, предупредува Марковски.

Тој додава дека во изминатата година ипол децата ја поминуваа многу лесно инфекцијата со САРС КОВ 2 вирусот.

– Не гледам зошто би се променило тоа. А, ако возрасните веќе имаат колективен имунитет (од вакцина, или прележување), не може да се разболат од никого, па ни од децата. Значи вакцинирање на децата за да ги заштитме возрасните е веќе беспредметно. Од друга страна, се занемарува, се премолчува фактот дека вакцините против ковид 19 имаат значителни сериозни компликации, објаснува Марковски.

Професорот смета дека децата не треба да се вакцинираат против ковид 19.

-Ако изгубиме макар едно дете со вакцина за болест од која не умираат децата и не знаеме кога и во која форма повторно ќе се јави коронавирусот, одговорноста на тие што го бараат тоа е огромна. Значи децата не треба да се вакцинираат во овој момент, и секако од септември треба да се вратат во нормалното функционирање и образовниот систем да профункционира во сите сегменти, коментира Марковски.