Обична вирусна инфекција е утврдена по деталните анализи кај децата од Гевгелија кои појавија респираторни заболувања, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Сакавме да потврдиме, односно да исклучиме е дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали евентуално имаат антитела, односно дали изминатава година го поминале ковидот, асипмтоматски, тоа не е случај, ниту едно дете нема антитела за прележан на Ковид, истакна денеска Филипче.

Покрај Гевгелија, појава на слични респираторни заболувања кај децата има и во Скопје, кои што се регистрирани во детската клиника во Козле, информираше министерот, кој што лоцираше на што се должи тоа што десетици деца наеднаш пројавија вакви симптоми.

-Очигледно е сега дека имуниот систем на некој начин проработува поради тоа што подолго време биле изолирани, и сега доаѓаат децата како што се раздвижуваат, во контакт со предизвикувачи и на тој начин реагира имуниот систем, значи нема некој простор за паника, посочи министерот.