Д-р Марија Михајловска од градската болница „8-ми Септември“ во Скопје, упати порака дека може да ни се случи Италија. Таа објави фотографија со голем број на амбулантни возила пред болницата. Во „8 Септември“ има 11 здравствени работници  заразени со коронавирусот.

„Вчерашното дежурство е само предвесник на тоа што нè очекува?
Ве молам почитувајте ги препораките за побрзо да ја надминеме оваа ситуација.
Не дозволувајте да бидеме “ИТАЛИЈА НА БАЛКАНОТ”!, напиша д-р Михајловска.