Ако од денеска до 10 октомври сите, ама баш сите до еден, се придржуваме на три толку прости правила (два метра, маска, миење раце) на 11 октомври може да прогласиме победа над Ковид-19, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во Скопје.
– Ако и понатаму сме неодговорни, на 11 Октомври ќе го славиме почетокот на борбата против фашизмот, но и дефинитивниот пораз од невидливиот непријател, објави Беќаровски на Фејсбук.
Под објавата додава: 11 Октомври ден на одлука.