Министерот за здравство, д-р Беким Сали постави дијагноза за пратеникот проф. д-р Димитар Апасиев дека „боледувал од албанофобија“.
– Апасиев, треба сериозно да бара лек против албанофобија. Иако имаме добар кадар на клиниките, за жал Министерството за здравство се уште не открило лек за албанофобија. Во министерството што јас го раководам секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи, а не според партиската и политичката определба, објави министерот Сали на својот профил на Фејсбук.
Дијагнозата на министерот, најверојатно, се однесува на денешните објави дека унапредил 17 вработени во Министерството за здравство, а од нив се 14 Албанци и само три лица Македонци и ниту еден друг од другите националности.