Веќе 28 години успешно ги спојува во едно, интелектот и дарбата.
Завршила специјалност „ Сметководство и Контрола„, Меѓународно Трговско право“, „Социјална и трудова психологија„ и Клиничка Психологија во Москва.

Секоја година зема учество со свои трудови на меѓународните конференции по Парапсихологија во Москва, Казахстан и други држави во светот.

Проф.д-р Звездна Георгиева е единствен феномен во Бугарија, која што работела во бугарската влада.

Проф.д-р Звездна Георгиева има објавено свои научни статии во меѓународни научни списанија на пет јазици, како и на руски јазик во руски научни списанија.

Во меѓународното научно списание за Европска интелектуална елита за Еврообразование објавила информација за енергоинформационата структура и духовниот развој на човекот.

На руски јазик објавила во списанието Научно-пратични аспекти на Комплементарната медицина.

Првата и единствена бугарска јасновитка, за која што се интересирале специјалистите од институтот „ Едгар Кејси” и од Центарот за Психолошки истражувања „Монро” во САД, затоа што нејзините прогнози кои што им ги направила пред 25 години во Бугарија на политичари и бизнисмени секогаш 100 % се оствариле.

Таа го претскажа точното време кога ќе се повлече Борис Елцин и доаѓањето на власт на Путин во 1992. Ја претскажа промената на една епоха која претстоеше за Русија.

Го претскажа враќањето на бугарскиот цар Симеон Сакскобурготски после 50 години отсуство од Бугарија. Таа го претскажа доаѓање на претседателот кој ќе биде правник и чие име започнува со буквата П- Петар Стојанов.

За време на премиерот Жан Виденов во 1995 година ја претскажа житната криза. Исто така ги претскажа судските постапки кои што неговата партија БКП ќе ги започне против него.

Го претскажа со голема прецизност и вториот мандат на претседателот Ѓорги Прванов и неговото враќање во политиката преку нова партија на која ќе биде лидер.

Во утринската програма на Нова Телевизија го претскажа датумот и месецот во кој Владата на Бојко Борисов ќе биде принудена на даде оставка поради грешките направени од неговиот министер за финансии Дјанков и неговото враќање во
САД и Светска банка.

Ја претскажа блескавата кариера која го очекува Бојко Борисов од градоначалник на Софија до успешен претседател на Влада кој ќе успее да им помогне на државите од западен Балкан за успешен прием во Европската Унија.

Ги претскажа успешните три мандати на Стефан Софијански и неговото издигнување до министер.

Звездна ги советува и ѕвездите од шоу бизнисот. На познатиот пејач Георги Христов му ја претскажа блескавата кариера која го
очекува на сцената на Лас Вегас и потпишување на договорот за работа во студио за снимање во Лас Вегас.

На бугарските танчери по уметничко лизгање Албена Денкова и Максим Ставински им ја претскажа нивната златна иднина, светската титула и успесите во САД, Јапонија, Чешка, Германија. На истите им претскажа за нивниот личен живот и
бизни, имаат школа за уметничко лизгање во Бугарија.

Друга ѕвезда, на која и го предвиде успехот и блескавата кариера, е фудбалерот Илија Груев. Денес тој е тренер во Германија на
младински фудбалски одбор.

За себе таа вели: За мене не постои време и простор кога треба да се добие информација за човекот. Затоа им помагам на луѓето по целиот свет без оглед од каде се: Америка, Англија, Германија, Холандија и Либија. На моите предавања кои ги водам секој може да го најде патот кон себе и знаењето за себе, да се пронајде себе си и со каква мисија е дојден на
овој свет во овој живот. Да се научи преку силата на мислата да го програмира својот живот, бизнис, здравје и љубов.

Проф. Врбка Орбецова во свое интервју вели дека „секој може да има претензии за дарба или талент, но малку од нив имаат убедливи докази дека имаат пронилкиви способности кои што ги има феноменот на Бугарија Звездна.

Нејзината јасновидска дарба многукратно се има потврдено низ времето. Нејзината способност опфаќа голем дијапазон од сосема лични работи до глобални проблеми на општеството и човештвото”.

Звездна постојано се едуцира и усовршува,затоа таа се прближува до идеалниот модел на специјалист –психолог кој ги познава класичните научни методи, пристапи, теории и хипотези, но не се ограничува во нивните рамки, бара уште непознати закони
и правила на човечкото однесување, на човечката мисла и емоционална активност.

Таа разработува и применува свои методи за реализација на човечкото мислење со насоченост кон хармонизирање на духовно-енергерската природа на човекот и неговите материјални параметри и постапки.

Друга новинарка во своја колумна ќе напише за Звездна: „Таа е една од модерните психотерапевти која е длабоко навлезена во проблемите на современиот човек, таа е убедена дека човек за да оди по патот на своето духовно спознавање, тој треба да се сврти кон себе си, кон своето повисоко јас, да работи врз своите мисли-форми и да го осознае својот личен духовен развој”.

Секој човек може да биде исцелител на своето тело и душа, ако се спознае себеси како енергетско-информациско битие.

Во Бугарија повеќе од 25 години беше продуцент и водител на своите духовни предавања на многу телевизиски канали.
Одржа многу курсеви и предавања на кои обучи многу луѓе за духовни техники за самоусовршување, самореализација и енергетска заштита.

Напиша многу колумни и издаваше свој весник „Карма” каде што ги собра своите материјали посветени на лечењето на духот , промена мисли-форми на човекот.

Нејзините колумни како и нејзините предавања се одржуваа под мотото : „Да го излечиме Духот заедно со Звездна”.
Нејзините колумни се објавени во различни списанија на пет јазика во светот.

Добро е и бизнис луѓето кои што работат со чисто материјалната категорија на животот да се сретнат и да ги слушнат нејзините прогнози и совети.

Можам да помогне да ги решите вашите лични и бизнис проблеми, да добиете прогнози за иднината, а како квантен психолог ќе може да ви помогне да се справите успешно со вашите тешки зависности од алкохол, дрога, коцкање и друго. Ќе успеете
брзо да овладеете со вашите кармични заболувања, исто така ќе успеете да добиете професиоална помош за лечење на стрес и депресија како и на болестите булимија и анорексија.
Можете и да закажете термин за психоконсултација.