Не го ставаме под сомнеж прашањето дали треба да се ангажира некој за да лобира за интересите на Србија во САД, изјави за „Политика“, шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој смета дека половина милион долари би биле доволни да се организира средба со американскиот претседател, Доналд Трамп.
-Тие договори се објавуваат на сајтот на американското министерство за правда, а цената воглавно е позната, од 50.000 до 150.000 долари месечно, во зависност од целта, изјави Дачиќ.
Тој додаде дека лобирањето во Србија има негативен призвук и е дел од политичките напади кои се директно спротивни на националните интереси.
Според пишувањата на „Политика“, косовскиот претседател, Хашим Тачи дал повеќе од половина милиони евра на фирма на Брајан Балард за средба со Трамп, додека украинскиот претседател, Петро Порошенко тоа го чинело најмалку 400.000 долари.