Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека му е познато оти „некои западни сили ги прислушкуваат државниот врв на Србија“. Тој додаде дека тоа воопшто не го вознемирува бидејќи власта нема што да крие од народот.

– Сите разговори ги водат во својот кабинет. Немам страв од тоа бидејќи не криеме од никого. Србија не води двојна политика…Предноста е во тоа што се за што зборуваме го кажуваме и јавно, изјави Дачиќ за Српски телеграф.

Тој сепак оцени дека шпионирањето е голем и сериозен проблем со кој службите за безбедност треба „сериозно да се занимаваат“.

Весникот вчера објави дека претседателот на Србија, премиерката Ана Брнабиќ и сите министри се „цел на разузнавачи на НАТО во акција Матрикс 2“, но и дека „оперативци на БИА на време разоткриле такви намери на западната Алијанса„.