Минатиот викенд бил првиот во Њујорк без престрелки од 1993 година.
– Во петокот, саботата и неделата немаше ниту едно пукање, ниту убиство. Тоа се случува за првпат по децении и тоа е нешто со кое можеме да се гордееме, не само полицијата туку и жителите на градот, изјави на прес конференција шефот на локалната полиција Џејмс О’Нил.
Последниот викенд без пукање во градот со население од 8,5 милиони луѓе бил во 1993 година. Полицијата регистрира намалување на бројот на престрелките од почетокот на годината за 1,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Бројот на убиства во Њујорк сепак е зголемен оваа година – 600. Минатата година имало 292 убиства, најмалку од 50-те години на минатиот век.
Во првата половина од годината биле регистрирани 147 убиства, за осум отсто повеќе од истиот период минатата година. Најголем дел од убиствата се извршени во неколку квартови на Бруклин и Бронкс.