Црногорските ракометарки ги загубија шансите за полуфиналето на ЕП во Франција. Предмалку Радичевиќ и колешките минимално со 23-24 загубија од селекцијата на Данска, па сега Црногорките со 4 бода остануваат трети, зад Русија и Франција.

Данските ракометарки тргнаа фуриозно уште од стартот, го отворија мечот со 4-0. Со 4 гола разлика се замина на полувремето, по 30 минути игра на семафорот стоеше 15-11.

Во вториот дел Црногорките се созедоа, се играше гол за гол, но посконцентрирани се покажаа Данките и триумфираа со резултат 24-23.

Најефикасна во данската репрезентација беше Хансен со 6 гола, додека Јованка Радичевиќ со 7 погодоци беше прв стрелец во селекцијата на Црна Гора.