Данскиот модел и глумица Бригит Нилсен минатиот месец го роди своето петто дете на 55-годишна возраст. Девојчето Фрида ја натера радосната мајка да каже: „Ова е најдобриот период во мојот живот”.

Манекенката глумеше и во неколку акциони филмови во 1980-те и 1990-те, а најпозната е по насловната улога во „Црвената Соња“. Сo италијанскиот продуцент Матија Деси е во брак веќе 12 години, а ова им е прво заедничко дете. Бригит за списанието „Пипл” открива дека 10 години се обидувала да затрудни. Годините во обид за вештачко оплодување биле исклучително напорни, но, како што и самата вели, сега е среќна.

– Конечно ја имам својата принцеза во прегратка!, вели таа. Освен Фрида, Бригит има четири синови – Раул Маер, Даглас Маер, Килијан Нилсен и Џулијан Виндинг.

На жените кои се решиле на вештачко оплодување, Данката им препорачува да не се откажуваат дури ни кога докторите им даваат само три или четири отсто шанси за успешност.

– Жените мора да бидат упорни, истрајни и храбри. Со годините станував се похрабра. Така, мојата ќерка сега е здрава и прекрасна. Имам се што посакував. Мојот сопруг и јас никогаш не сме биле повљубени, вели таа.

Матија (39) и Бригит се запознале во 2003 година, и се венчаа три години подоцна на Малта. Тој е 15 години помлад, но и 15 сантиметри понизок од сопругата (која е висока 185 сантиметри).