Данската принцеза Изабела, која од неодамна е полнолетна, почна со служењето воен рок, станувајќи една од првите девојки кои се дел од новата продолжена задолжителна воена служба во земјата, објавува „Шпигел“.

Данска воведе задолжителна воена служба за жени минатата година, а околу 1.600 млади луѓе, меѓу кои и принцезата Изабела, ја започнаа својата воена служба. Поради зголемената загриженост за безбедносната состојба во Европа, периодот на воена служба беше продолжен од четири на 11 месеци. Принцезата Изабела пристигна во касарната Антворсков во Слагелсе, на островот Зеланд. Како најстара ќерка на данскиот кралски пар, таа ќе мине вкупно 11 месеци во Гардскиот хусарски полк.

Земјата, исто така, воведе регрутација за жени над 18 години, но продолжува да регрутира само дел од секоја возрасна група.

Братот на Изабела, престолонаследникот Кристијан, исто така, го отслужи својот воен рок во Слагелсе, а потоа минатото лето почна да се обучува и за чинот поручник.

Фото: Официјална страница на данското кралско семејство