Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт зборуваше за офанзивната игра на тимот оваа сезона.
– Кристијано Роналдо беше тип на играч кој трчаше во шеснаесетникот и секогаш постигнуваше гол, дури и кога имаше само една шанса. Ни недостигаше на почетокот на сезоната. Но, сега се покажуваат и други играчи кои можат да постигнат гол. Тука пред се мислам на Мекени и Дибала. Немаме стрелец како Роналдо кој постигнува 30 гола во една сезона, но сега други ги покажуваат своите квалитети, изјави Де Лигт за „Скај спорт Италија“.
Јувентус на последните осум натпревари во Серија А има шест победи и две нерешени средби и со 41 бод се наоѓа на 5. место на табелата.