Дедо Мраз во Лапонија веќе почна подготовки – синоќа прими вакцина против грип и размислува за вилениците кои треба да му помогнат пред Божиќ.

-Дедо Мраз синоќа во неговото село Рованеми, во поларниот круг, прими вакцина против сезонски грип, рече медицинската сестра Тиа Кахконен и додаде дека инекцијата е превентивна, бидејќи сезоната на грип се совпаѓа со неговите активности.

Финската агенција  отвори конкурс за виленици кои ќе се грижат за туристите кои сакаат да го посетат Дедо Мраз во Северниот пол, каде што понекогаш може да бидат минус 40 Целзиусови степени.

Вилениците ќе бидат одговорни за готвење топли пијалоци и ложење оган.

Дедо Мраз, кој мора да се грижи за ирвасите кои ги влечат неговите санки полни со подароци за деца, минатата година го посетија околу 390.000 странски туристи.

Покрај Финска, Шведска и Гренланд тврдат дека вистинскиот Дедо Мраз живее кај нив.