Палау е првата држава во светот што забранува креми за сончање поради нивното токсично дејство врз коралните гребени, објави претседателот Томас Ременгесау.

Забраната стапува на сила во 2020 година, а казната за прекршители ќе биде илјада долари.

Туристите кои внесуваат креми – ќе останат без нив. Палау е мала островска држава со 21.000 жители во западниот дел од Пацификот, меѓу Австралија и Јапонија.

Научниците веруваат дека хемикалиите што ги има во некои производи за заштита од Сонцето, се високотоксични за животот во морето.

Сличен закон ќе стапи на сила и на Хаваи во 2021 година.