Екипи на ЈП Железници Инфраструктура работат на отстранување на дефектот на оптиката што предизвика прекин на железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Велес и обратно од ноќеска пред полноќ. Конекциските кабли се оштетени поради тежината на снегот, што ги блокираше свртниците и не сообраќаат патничките и товарните возови на оваа релација.
Директорот на ЈП ЖМ Инфраструктура Хари Локвенец за МИА изјави дека нивни екипи работат на отстранување на дефектот од три часот изутрината.
-Поради тежината на снегот оштетени се конекциските кабли (оптички и енергетски). Очекуваме што поскоро да се отстрани дефектот, се работи цело време со сета расположива опрема, изјави Локвенец.