ТЕЦ Неготино е вон функција и тоа е дополнителна причина што мора да се увезува струја, објави Фактор, повикувајќи се на свои извори во ЕСМ.

Од ЕСМ за порталот велат дека во тек се поправки и најрано до 1 декември електраната што работи на мазут нема да произведува струја.

– Таму има грешка во генераторот. Во моментов дојдени се претставници од Украина, бидејќи генераторот е од таму, и тие работат заедно со домашна компанија што е ангажирана за да го отстрани дефектот. Во овој период ќе се штеди и мазутот, велат брифираните извори на Фактор.

Од ЕСМ велат дека цената на мазутот е економски неисплатлива за да се произведува струја.

За периодот од 7 до 20 ноември ЕСМ веќе склучи договори со снабдувачи за купување на струја во вкупна вредност од 9 милиони евра. Ова е прва испорака откако започна грејната сезона, а изминатиот период ЕСМ се потпираше на сопствените капацитети.

Денеска министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека ТЕЦ Неготино не работи поради неисплатливост и дека Македонија поевтино ја лини да увезува струја, а не спомена никаков дефект.