„ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цефка од ф1400мм е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ“, се вели во испратеното соопштение кое вечерва го испратија од ЈП Водовод и Канализација.

Поради големиот дефект на булеварот Кочо Рацин, денеска речиси половина Скопје остана без вода. Поради тоа, попладнево цистерни со вода на повеќе локации низ градот. Ги снабдуваа граѓаните со техничка вода.

Поради големиот дефект без вода се: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.