Британски „Дејли експрес“ тврди дека играчот од средниот ред на Данска, Микел Дамсгард постигнал гол против Англија во полуфиналето на Евро 2020 против правилата.

Според весникот, главниот судија на средбата Дени Мекели направил грешка, кога од слободен удар беше совладан голманот Џордан Пикфорд. Забележано е дека живиот ѕид со данските играчи кршејќи ги правилата се приближи до ѕидот со англиските фудбалери и го блокираше погледот на англискиот голман.

Англија ја победи Данска со 2:1 во судиското продолжение. Победничкиот гол го постигнаа Британците од пенал, што исто така предизвика многу контроверзи.

Во финалето на ЕВРО 2020, Англија ќе играат против Италија на 11 јули.