На кравата Пенка која пред извесно време избега од својот сопственик во Бугарија, ја премина границата и замина во Србија, вчера и беше земена крв од бугарските ветеринари. Таа, откако беше вратена назад кај сопственикот во бугарското место Копиловци, е под сомнеж дека е болна, па земенета крв треба да послужи за медицински или поточно кажано ветеринарни истражувања. После тоа со сигурност ќе се знае дали Пенка ќе биде убиена.

Пенка, веројатно исплашена од волк, пред две недли избегала во Србија. Крај Босилеград била пронајдена од Србин кој две недели се грижел за неа. Откако бил откриен сопственикот – Иван Харалампиев од Копиловци, таа му била предадена, но сега и се заканува умртвување поради тоа што ја во Бугарија, како членка на ЕУ, дошла од Србија, која не е членка на ЕУ.

Како што пишува бугарскиот 24 часа, по ова за Пенка се заинтересирале и француски, германски, британски, руски, па дури и индиски медиуми.

Во заштита на кравата се впуштил и европратеникот Џон Флаг кој испратил писма до редица европски институции. Тој смета дека прагматизмот треба да надвладее над строгите бриселски правила.

„Таа е изолирана, и обработена со антипаразитни препарати. Денеска ќе и земеме крв за испитување на заразен дерматит, ку-треска, катерална треска и син јазик. Направено и е и алергиско испитување“, изјавиле од дирекцијата за безбедност на храната во Ќустендил.

Примероците биле земени во отсуство на сопственикот кој се плашел дека можат да бидат изманипулирани за Пенка да биде убиена. „Како да знам дека во лабораторијата нема да подметнат други резултати“, рекол Харалампиев.

Европските правила предвидуват лош крај за кравата, но Бугарија ќе барала да биде направен исклучок. Тоа, според 24 часа, станало јасно откако министерот за земјоделие во бугарската Влада Румен Порожанов, објаснил дека разговарал со директорот на Агенцијата за храна, Дамјан Илиев.

„Би било убаво ако се направи исклучок. На прв поглед станува збор ситен проблем, но многу суштествен од аспект на хуманоста.“

Министерот потврдил дека кравата е во карантин и се вршат испитувања за да се види дали животното е заболено. Според европските правила, секое животно кое нелегално е внесено во земја на ЕУ мора да биде со лош крај, рекол Порожанов.

„Гледате дека јавноста застана на страна на Пенка. Веројатно има и други животни како неа, зашто на границата нема мрежа“, додал бугарскиот министер.

ДЕЈЛИ ТЕЛЕГРАФ: Спасете ја бремената крава од властите во ЕУ

„Слобода за Пенка“ и „Спасете ја бремената крава“ се само дел од насловите во британските медиуми по повод случај, истакнува 24 часа. Дејли Телеграф дури и самиот организирал потпишување на петиција во Брисел за спасување на Пенка.

Според германскиот Зи Дојче Цајтунг, бугарските власти потцртале дека смртната пресуда за Пенка се уште не е изречена и случајот се разгледува. Весникот наведува дека од вакви моменти можат да се родат меѓудржавни проблеми.

Весникот Билд испратил и специјален дописник кај сопственикот на кравата.

„За мене, убиството на Пенка ќе биде катастрофа“, рекол тој за Билд.

Кравата чини 1600 лева (800 евра), а просечната плата во тој регион на Бугарија е 300 лева или 150 евра.