Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев денеска изјави дека за шест пати е зголемен мигрантскиот протисок врз државата пред се поради акциите во Сирија.
– Поради тековните воени операции во Сирија, мигрантските текови се интензивираат и создаваат сериозни проблеми за Турција, а дел од вкупниот број мигранти се упатуваат кон Бугарија и Грција, изјави тој за БТВ.
Според податоците што ги презентираше, притисокот е зголемен за повеќе од 6 пати во однос на минатата година.
– На граничната линија дневно застануваме по околу 1.000 луѓе, истакна Демерџиев. Министерот потсети дека веќе во првите денови од преземањето на функцијата ја проверил границата, добил извештај дека состојбата е тешка, но тврди дека е под контрола.
– Армијата активно се вклучи во заштитата на границите. Покрај опрема, ќе го користиме и нивниот дрон, а на теренот в сабота и понеделник ќе им се придружат уште 100 лица.
Двајца бугарски полицајци вчера загинаа откако во нивното патролно возило удри автобус што пренесувал илегални имигранти.
– Има податоци дека полицајци се вклучени во пуштање мигранти преку граница и со овие податоци работиме од вчера. Ќе бараме помош од Европа, очекуваме притисокот под кој сега се наоѓаме да се засили во септември и октомври, рече бугарскиот министер Демерџиев.