Тракторист загина вчера во демиркапиското село Корешница.

Вчера во 11:30 часот било пријавено дека на локалниот пат за с. Корешница, Е.Е.(62) од истото село, управувајќи трактор без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел.

Како што соопштуваат од МВР, Е.Е. починал на местото на настанот.

Извршен е увид од јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино.