Претставникот на Движењето БЕСА, Абдуш Демири, во вечерашното гостување во емисијата Патот кон на ТВ Алсат, рече дека најлоша партија од албанскиот блок во земјава е ДУИ.
Соред Демири, иако долго време е на власт, не успеа да ја промени состојбата на Албанците. Тој во името на Движењето БЕСА уште еднаш ги повика сите албански опозициски партии да се обединат за да ја испратат, како што рече, ДУИ во опозиција.
– Движењето БЕСА во континуитет го повторува својот став дека е за соработка на албанските опозициски политички партии. Сметаме дека злото на Албанците е ДУИ која долго време остана на власт и состојбата на Албанците никогаш не може да се подобри. Затоа, постојано повикуваме на обединување на албанскиот политички фактор, без ДУИ во овој случај, за да излеземе заедно на следните парламентарни избори конечно да ја испратиме ДУИ во опозиција, изјави Демири.