Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер ќе бидат меѓу првите државници што ќе ја одбележат 31-годишнината од обединувањето на Германија на денешната церемонија, јави ДПА.

Градот Хале во сојузната покраина Саксонија-Анхалт ќе биде домаќин на главниот настан на годинашните прослави на Денот на обединувањето.

Денешната церемонија ќе ја заокружи едномесечната програма на настани по повод годишнината од обединувањето на земјата во 1991 година и крајот на Студената војна.

Како и минатата година, и на денешниот настан ќе има ограничен број учесници поради пандемијата на коронавирус.

Само 180 гости ќе учествуваат во екуменската служба во црквата „Сент Паул“, а 340 луѓе се поканети на главната церемонија во салата „Георг Фридрих Хендел“.

Водечките политичари како Олаф Шолц од Германската социјалдемократска партија и Армин Лашет од Христијанско -демократската унија (ЦДУ) на Меркел, исто така, ќе присуствуваат на настанот, кој доаѓа само една недела по парламентарните избори.

Меркел ќе одржи еден од последните јавни говори како канцелар.