Под урнатите од надвозникот во Џенова пронајдени се уште три тела, со што бројот на жртви се искачи на 41.
Пожарникарите ги пронашле телата на деветгодишно девојче и нејзините родители во смачкан автомобил под урнатиот надвозник.
Од 10 до 20 лица се уште се водат како исчезнати.
Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост.
Предвидена е литургија и погреб на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.
Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).
Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот.
Бетонскиот мост Моранди беше изграден во 1967 година, а реконструиран во 2016 година.