Зголемувањето на платите ќе им помогне на компаниите да закрепнат од пандемијата со Кови- 19, изјави извршниот директор на американска компанија за обработка на трансаксии со картички и финансиски услуги „Гравити пејментс“ (Gravity Payments), Ден Прајс.
– Мора да ги зголемите платите за да ги задржите добрите работници, нагласи Прајс, кој сам си ја намали платата за да ги зголеми платите на другите работници во својата компанија на 70.000 долари годишно.
Тој додаде дека „кога инвестирате во вашите луѓе, вашата компанија е успешна.
Прајс посочи дека ги удвоил платите на агентите за поддршка на клиенти и рецепционерите, што имало експоненцијално влијание врз финансиската сигурност на вработените.
– Бројот на луѓе кои го купија својот прв имот е зголемен за десет пати, што значи голема финансиска сигурност во нашата економија денес. Вработените, исто така, го вратија долгот, третина се ослободија од долговите и двојно и тројноги зголемија пензиските заштеди, наведе Прајс.
Претседателката на националната организација на работници во американскиот услужен сектор, (One Fair Wage), Сара Џајараман подочи дека работодавачите не можат сами да се справат со овој проблем бидејќи е потребен закон.