Во следните два дена, односно утре и задутре, ќе биде студено и суво. Нови врнежи, претежно од снег, ќе има во четврток.

Утре минималната ќе биде од минус шест до два степена, во четврток од минус осум до минус еден, во петок од минус пет до два степена и во сабота од минус еден до пет.

Дневната температура утре ќе се движи од нула до седум, во среда од еден до осум, во четврток од нула до шест, во петок од три до осум степени и во сабота од пет до 10 степени.