Домот во лондонско Челзи, каде што Кејт Мидлтон живееше со сестра Пипа, пред да стане војвотка од Кембриџ, се продава за 1,9 милиони фунти или 2,5 милиони долари.

Родителите на Кејт, Мајкл и Керол Мидлтон, се сопственици на трособен стан во западниот дел на Лондон, кој во 2002 година го купиле за 780.000 фунти.

Со оглед на тоа што Кејт живее во Кензингтонската палата од 2013 година, а Пипа се пресели во вила во Лондон, која чини 17 милиони фунти, станот повеќе не им е потребен. Третото дете на Мајкл и Керол, синот Џејмс работи во Шкотска, па и на нему не му треба тој стан.

Станот се простира на три ката, а е уреден во неутрални бои со традиционален мебел.