На интернет е објавена нова песна од легендарниот хрватски и екс југословенски пејач Оливер Драгојевиќ.

Нова песна од славниот Оливер под името „За твое добро“ за која текстот го напишал неговиот голем пријател и колега , Златан Стипишиќ Џибони е достапна на Јутјуб.

Обожавателите на покојниот пејач се воодушевени од новата песна која за кратко време доби огромен број на позитивни коментари.

Инаку, Оливер почина на 29 јули годинава во Сплит во 71 година од животот, откако ја загуби битката со карциномот на белите дробови.