Потврда за тоа колку ревносно работат службите на актуелната власт е и денешната акција во која пајак-службата го дигна Југото на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Како што е сооопштено, притоа, пајакот не повредил ниедна полицајка од МВР на Оливер Спасовски.
Премиерот Зоран Заев ја поздравил одлуката на пајак-службата да го дигне Југото на Пендаровски. Тој додал дека во Република Македонија, откако дува северен ветар, нема непотизам, нема ни по баби ни по стриковци, ни Вице ни Мице, и ако треба пајакот слободно да дигне и струмичко Бентли, ако тоа не си ја врши работата како што треба.
Денеска се работи по европски норми, а единствен проблем е само тоа што е 1 април, па… Априли-ли-ли!