Денеска е 27 февруари (според стар стил) и се слави Преподобен Прокопиј Декаполит.
Овој светител беше од Десетоградието (Декаполис) околу морето Галилејско, заради што и се нарече Декаполит. На испоснички живот се предаде во младоста, и ги мина сите пропишани подвизи за очистување на срцето и вознесување на духот кон Господ.
Кога настана гонењето за иконите од страна на злобниот цар Лав Исавријанин, Прокопиј застана во заштита на иконите, докажувајќи дека иконопоклонувањето не е идолопоклонство, зашто христијаните знаат дека поклонувајќи им се на иконите не ѝ се поклонуваат на материјата, туку на живите светители насликани на иконите. Заради ова го мачеа ѕверски, го затвараа, го биеја и го стругаа со железо.
Кога беше убиен злобниот цар Лав, а иконите беа вратени во црквите, тогаш и Прокопиј се врати во својот манастир и во него во мир го проживеа остатокот од животот. На старост се пресели во Царството Божјо, каде што со радост ги гледа ангелите и светителите чии ликови ги чествуваше на иконите на земјата.
Мирно се упокои во 9 век.