Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 февруари.

Денеска е Свети Василиј Исповедник.

Тој бил другар и соработник на Свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во време на мир и кога беа гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците. А кога иконоборците пропаднаа, по Божја промисла Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир и таму во пост и молитва поживеа долго и се упокои мирно во 747 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Никефор.

Бил роден во Цариград, во 758 година во време кога царот Константин Петти водел војна против изработувањето на икони. Неговиот татко Теодор бил царски повереник, но за време на иконоклазмот останал верен на изработувањето на свети слики. Никефор почувствувал дека Господ го повикува во духовниот сталеж. Во 787 година учествувал на Вториот Никејски собор, кој ги осудил кривоверствата на иконоклазмот и го одобрил изработувањето на свети икони. Свети Никефор бил протеран. Умрел во прогонство во 828 година.