24 декември 2018

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 декември.

Денеска е Преподобен Данил Столпник.

Се роди во Месопотамија, во селото Витара, во почетокот на петтиот век. Беше син единец на своите родители, измолен од Бога, бидејќи тие долго време немаа деца. Кога имаше 12 години Данил стапи во еден манастир. После долги години подвиг, тој се пресели близу Византион и се искачи на еден столб. На тој столб се подвизуваше цели 33 години, а на¬скоро околу него се собра голем број други подвижници што го бараа неговото духовно раководство. Свети Данил се упокои во длабока старост, во 490 година.