Според православниот календар на МПЦ денеска е Преподобен Давид Солунски.

Овој подвижник, по потекло солунец, живеел во петтиот и шестиот век. Својот подвиг го започнал близу Солун, каде подигнал колипка под едно бадемово дрво, па живеел во неа. Потоа се подвижувал во Тесалија.

Живеејќи во постојан труд да ја стекнува божествената љубов, тој толку се усовршил во Бога, што во една пригода можел да стави жар во дланката за да го окади царот, без тоа да му наштети.

Се упокоил во 540 година.

Според католичкиот календар, пак, денеска е Св. горкумски маченици.

Верските несогласувања во шеснаесеттиот век предизвикале големи крвопролевања. Во 1572 година, фрањевците Вилехад од Данска и доминиканецот Иван Хер и 17 други маченици биле погубени од страна на кривоверците Геуси.

Тие биле измачувани поради нивната католичка припадност. Но, тие останале истрајни во својата вера и припадност кон католичката црква.