Денеска според православниот календар е Преподобен Сисој Велики.

Преподобен Сисој беше Мисирец (Египќанец), сонародник и ученик на основоположникот на пустиножителното монаштво Антониј Велики. По смртта на свети Антониј, Сисој се насели на гората на која се подвизуваше неговиот учител-која по него го доби името Антониева-и таму помина во секаков подвиг цели 60 години. Толку ја исчисти својата внатрешност, што стана незглоблив како дете, па ја достигна полнотата на човечката природа и од Бога прими големи дарови како, на пример, да воскреснува мртви, да лекува болни, да истерува ѓаволи итн. Преживеа долго време, а пред смртта лицето му засветело како сонце, а кога испуштил душа, во просторијата се почувствувала благосостојба. Се претставил пред Христа Бога во длабока старост во 429 година.

Според католичкиот календар денеска е Благословен Ремигиј Исор.

Бил роден во 1852 година, во Бамбекуе. Се одлучил да живее свештенички живот во Дружината на Исус. Неговите поглавари го испратиле да работи како мисионер во Кина. Таму отворил училишта за воспитување на младите луѓе. Во 1900 година, Ремигиј Исор бил убиен од страна на безбожниците.