13 јануари 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 декември.

Денеска е Преподобна Меланија Римјанка.

Оваа Меланија беше вдовица на окружниот римски управник. Живееше во четвртиот век, кога во Рим многумина беа восхитени од подвижничкиот живот на Истокот, за што се дозна од не¬колкуте подвижници што во тоа време дојдоа од Исток во Рим. Таа се учеше на подвизите од блажениот Ероним. Подоцна замина за Ерусалим, каде ги продолжи подвизите до својата длабока старост. Целиот свој имот го беше раздала служејќи им на бедните. При крајот на животот го посети Рим за да се види со роднините и пријателите, а потоа пак се врати во Ерусалим, каде се упокои во 410 година.