На 20 години родителите го испратија во Солун да учи занает каде беше ѓестоко измачуван бидејќи не си ја смени верата и не прими ислам
Денеска е 8 август (по стар стил) Свети Анастасиј – Спасо Радовишки
Свети Анастасиј Радовишки или свети Спасо Радовишки (Радовиш 1774 – Солун 11 септември 1794) е словенски светител – новомаченик.
На дваесет години родителите го испратија во Солун да учи занает. Таму го присилуваа да прими ислам, а откако не се откажа од својата вера, беше жестоко измачуван.
Но тој ги поднесе сите страдања и најпосле, одејќи кон за него приготвената бесилка, измачениот Анастасиј падна и ја предаде својата душа на Господа.
По неговата маченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напиша неговото житие.