29 декември 2018

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 декември.

Денеска е Св. Пророк Агеј.

Свети пророк Агеј е еден од т. н. 12 мали старозаветни пророци. Една негова книга е зачувана во канонот на Стариот завет. Се роди во шестиот век пред Христа, при крајот на вавилонското ропство на Евреите. Го доживеа и нивното враќање во Јудеја. Преку овој пророк Господ ги охрабруваше Евреите во изградбата на разурнатиот ерусалимски храм, објавувајќи им дека тој ќе биде пославен од првиот, зашто во него ќе се појави царот на светот, спасителот на сите народи.