Денеска е Задушница, кај народот уште се нарекува и Мртва сабота, Мртвен, Мртвени дни, односно деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски, барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење итн.
Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.
Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот.
Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.
Во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници.
Така, секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон сите светци, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници.