Британската премиерка Tереза Меј денеска ќе се соочи со гласање за недоверба во Парламентот, јави Би-Би-Си. Пратеници на Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј покренаа денеска постапка за гласање недоверба на нејзината влада додека напуштањето на Велика Британија од европската унија се претвора во хаос.
Тие ќе гласаат меѓу 19 и 21 часот.
За покренување гласање за недоверба потребни беа 48 пратеници кои тоа го бараат. Меј може да падне ако 158 од 315 пратеници гласаа против неа.
Меј која стана премиерка набрзо по гласањето за брегзит во 2016 година, се соочува со критики во својата партија заради планот за брегзит за кој преговараше со ЕУ. Се очекува претпладнево Меј да има обраќање во Парламентот.