Пет нови напади од улични кучиња се пријавени и внесени во денешниот билтен на МВР.

На 09.06.2020 во 11.15 часот во Полициската станица Центар, Г.П.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„50 дивизија“ била касната од куче скитник.

На 09.06.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, А.Ц.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Горно Лисиче“ нејзиниот син бил каснат од куче скитник.

На 09.06.2020 во 14.10 часот во Полициската станица Бит пазар, Ј.Т.(55) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Мисирков“ бил каснат од куче скитник.

На 09.06.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје, М.К.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник.

На 09.06.2020 во 22.10 часот во СВР Скопје, Д.С.(53) од Скопје пријавила дека во двор на училиште на ул.„Горно Лисиче“ била касната од куче скитник.

Бројот на кучињата скитници е значително пораснат, надлежните очигледно без соодветни мерки, а асоцијациите реагираат само кога има напади од граѓаните врз животните. Да ги штитиме животните од несовесни граѓани, но заштита и безбедност заслужуваат и граѓаните од агресивните кучиња.