„Социјалдемократите веќе имаат конкретен датум за излегување на избори доколку продолжи смирувањето на епидемијата – 14 јуни. Тие се убедени дека ДИК може да ги заврши сите обврски до овој термин“ (извор Независен весник)

„14 јуни е датумот за избори кој СДСМ и коалицијата ќе го предложат на лидерската средба во вторник. На денешниот состанок заклучиле дека треба да се искористи периодот на олабавување на мерките и да се одржат предвремените избори. Не инсистираат категорично на овој датум, оставаат простор за договор со опозицијата, но не после јуни (извор Телма).

„Заев не очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите, затоа што партијата учествува во процесот и има кандидатски листи, но е категоричен дека изборите мора да се одржат на 21 јуни, или евентуално една седмица подоцна на 28 јуни, ако на 30 мај заврши вонредната состојба (извор Слободен печат)