Граѓаните на Република Македонија веќе немаат дилеми за тоа кој го диригираше правосудниот систем во државата овие теи години, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, кое го организира денешниот протест против криминалот на доскорешниот премиер Зоран Заев.
– Повеќе од јасно е дека Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работела во координација и по наредба на Заев. На овој начин Заев ја фрли државата во бездна. Но, ова не е единствена ситуација каде Заев го крши законот. Секојдневно граѓаните беа сведоци на рекет, местени, тендери, доделување на лиценци со марихуана, изборни нерегуларности. Ја нема правдата која Заев им ја ветуваше на граѓаните пред да дојде на власт. Аудио материјалот за мафијата покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат. Прво, имаме јавно признание дека Заев грубо ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот суд. Второ, тој јавно признава дека се развлекуваа случаите на СЈО во координација со Катица Јанева. Трето, шемата како да паднат случаите била јасна или Закон за обвинителство или “трас-трас” одлука на Врховниот суд. Крајот на сето ова доаѓа. Крајот ќе се случи на 12 април, а потоа ќе следува одговорност од сите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот Христијан Мицкоски вчера објави дека денеска ќе има голем протестен митинг организиран од партијата.
Тој вчера на прес-конференција ги повика денеска на протест членовите на партијата и сите граѓани. Протестот ќе започне во 18 часот пред Обвинителството на кејот на реката Вардар до Врховниот суд.