ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 18:30 часот организира нов протест со возила во Скопје.
-Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270.000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиони евра за тренирање на хрватско магаре, соопштуваат од партијата за протестот.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, од 18:30 часот на протест со возила од СЦ „Борис Трајковски“ до Секретаријат за европски прaшања, за да се стави стоп за злоупотреба на европските пари.