Денеска шетав низ град и наидов на баба која просеше со напис „Гладна сум, те молам помогни ми“.

Доаѓам кај неа и ја прашувам што би сакала да јаде и таа ми кажува „Што и да е, синко, само да е хранливо и да ме држи до утре“

Отидов во продавница и и купив секаков вид храна, од јајца, тесто, брашно, масло, јогурт, млеко, па сè до крпи и папучи.

Излегов од продавницата, носејќи 7 торби и и ги подарив, а таа се крена и толку цврсто ме прегрна, ми се заблагодари низ солзи и ми рече „Го молев да ми дојде некој спас, некоја надеж и тогаш се појави ти, сега ти моли се за нешто што ти треба “.

Јас се насмевнав и ја испратив до нејзината куќа, кога ја видов се зачудив. Куќата само што не се урнала, плевел ги покрил прозорците, речиси и да немаше кров.

Влегов и и реков, госпоѓо, од утре ќе ја реновираме вашата куќа, таа само се зачуди и плачеше.

Еве, сега се сум на кафе со еден пријател и се договараме што се ни треба за да ја реновираме нејзината куќа.

Инаку ние сме млади момци од 20 години. Луѓе не се плашете да им помагнете на другите, доброто со добро се враќа. “