Верниците од Битола, од Преспанско Пелагониската Епархија и од целата МПЦ-ОА денеска (вторник на 20 септември) во 15 часот, во црквата Рождество на Пресвета Богородица ќе имаат можност да ја пречекаат и да се поклонат на т.н. “Кругосветна” икона – Покров на Пресвета Богородица, која од 2017 година ги посетува православните верници на сите светски меридијани, објави порталот Кепенци.

Иконата, живописана во Свето-Троичко Сергиевата Лавра, по повод 100 годишнината од расејувањето на православните Руси низ цел свет поради прогонствата по Октомвриската Револуција, во 2017 година е благословена од првоерархот на Руската задгранична црква, митрополитот на Њујорк и цела Америка г. Иларион, по повод 10 годишнината од стапувањето во канонско единство на Задграничната со Руската Православна Црква.

Оттогаш иконата Покров на Пресвета Богородица три пати го обиколила светот, посетувајќи ги сите краишта каде има православни христијани: била на Арктикот, на врвот Елбрус, во САД, Австралија, Египет, Турција, Русија, Украина, Белорусија, Грузија, Италија, Грција, Кипар, Аргентина, Филипини, Јапонија…Во Македонија со благослов на митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, доаѓа од Србија, каде пак со благослов на патријархот Порфириј, претходно допатува од Јапонија.

По посетата на регионот (Косово и Метохија, Црна Гора, Република Српска во БиХ, Бугарија и Македонија) иконата ќе го продолжи патот кон Ерусалим.

Целиот текст може да го прочитате во ТУКА.