ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне се очекува да одржи нов протест што треба да почне од штабот на партијата и да заврши пред Владата.
Минатата среда, опозициската ВМРО-ДПМНЕ одржа протест на кој лидерот на партијата Христијан Мицковски најави дека секоја среда ќе се одржуваат протести во главниот град и дека протести ќе има и во другите градови низ државата.
Тој побара оставка од Владата бидејќи, како што рече, за година ипол ја уништила Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение ги повика сите граѓани кои не се согласуваат со деструктивните и ненародни политики на СДСМ да се придружат на собирите ширум Република Македонија, и на протестниот марш денеска во Скопје со почеток од 17 часот од плоштад ВМРО до владата на Република Македонија.