По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, потпретседателката на, како што е соопштено, Собранието на РС Македонија, Фросина Ташевска-Ременски, денеска во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а загинал во селото Баница на денешен ден во 1903 година, по долга и измачувачка битка со турската војска. Делчев е идеолог, организатор, водач на македонското револуционерно национално ослободително движење и еден од творците на револуционерните правни акти.

Но, денес Македонецот Делчев е и историска личност за која актуелната власт се пазари со Бугарија, дали е Македонец или Бугарин. Високи функционери од власта бесрамно ја распродаваат македонската историја, а за жал во тој пакет е и македонскиот идеолог Гоце Делчев. Токму оние кои ја прекрстија Македонија, за која се бореше и загина, денеска ќе се сликаат пред неговиот гроб со букети свежо цвеќе или со „патриотски“ објави на социјалните мрежи.

(Д.Г.)