Дента кога има 39 починати од Ковид 19, Филипче се занимава со лажни вести за ВМРО-ДПМНЕ со слики од 2019-та

/ 26.11.2020

Благодариме на пиар тимот на Филипче што ни даде можност да реагираме на неговото ширење на важни вести. Сликата која ја објави на Твитер каде посочува дека членови на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваат мерките препорачани за заштита од корона пандемијата е од 2019 година далеку пред почетокот на пандемијата со корона, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

“Знаеме дека Филипче е научен да лаже, но не знаевме дека кај него лажењето прераснало во болест. Доколку не ја повлече објавата ќе заработи кривична пријава за ширење на лажни и измама. Наместо да биде војаер на Фејсбук нека си ја работи работата за што е платен, бидејќи само денес починаа 39 лица поради неговата неспособност.”

-Со цел да го покрие срамот на Заев се обиде да шири лажни вести. Но, ваква брука каква што Заев денес направи не ја покрива ниту една лажна вест на Филипче, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 


Од истата категорија